Три државни награди за Музичкото училиште „Панче Пешев“

Сподели со своите пријатели

Ученици од Музичкото улилиште „Панче Пешев“ од Куманово освоија три државни награди на државниот натпревар за млади музичари кој се одржа под покровителство на Министерството за образование и музичките педагози.

Loading...

Дрин Салиу доби трета награда на пијано под менторство на м-р Сандра Зојчевска, втора награда освои Ана Спиридоновска на виолина под менторство на професор Риана Рамиз, додека Анастасија Славковска под менторство на м-р Ивана Андонова Свилар освои втора награда во категоријата соло пеење.

На државниот натпревар учествуваа ученици од целата држава, а сите тројца учесници на кумановското музичко училиште добија награди.

Leave a Reply