Трето издание на Графити Фест во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово трета година по ред ќе се одржи Графити фест. Оваа година како и претходните низа уметници, од Куманово но и од другите градови ќе учествуваат на овој настан кој ќе се одржи оваа сабота.

Loading...

 

 

-Целта на настанот е да се среди еден од парковите во градот, веќе подолго време се припремавме за овој настан, но еве сега ја имаме потребната дозвола и поддршка од спонзорите и од општината да може да ги исцртаме ѕидовите и зградите, да направиме еден убав почеток за средување на тој дел од градот. – истакна Горан Стојанов.

 

 

Loading...

Освен уметници од Куманово на фестивалот учество ќе земат и уметници од Скопје и Битола, а темата за сите ќе биде слободна.

Според претходните искуства на овој настан покажува дека оние графити во околината на училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ нема шкртаници што воедно е и најголема цел на овој настан.

 

 

– Имаме голема поддршка од општината и сите спонзори, многу сме задоволни што ни излегоа во пресрет и дозволија овој парк да се среди, да добие нови осветлувања, нова опрема, нови лулашки и играчки за деца, клупи, канти, се што е потребно за да добиеме едно ново мало местенце. Со овој настан сакаме да ги потикнеме сите млади кои сакаат да цртаат да ни се придружат во овој проект, кој е всушност продолжение од минатогодишните настани во кои исцртавме поголеми површини низ градот. -рече Младен Трендевски.

Настанот е планиран да се одржи во сабота со почеток од 09:00 до 20:00 часот.

 

Loading...

М.Ф.

Leave a Reply