Трет ден протести во Скопје

Сподели со своите пријатели

Трет ден како граѓаните ќе излезат на протести во Скопје, закажани пред Владата на РМ во 18 часот.  Граѓаните повторно ќе побараат одговорност за трагичната смрт на младиот скопјанец Мартин Нешковски со искажување револт кон полициската бруталност.

Loading...

Вчера граѓаните беа спречени да протестираат пред зградата на Владата и се упатија кон Собранието. Вчерашните протести за разлика од првиот ден, поминаа мирно и без поголеми инциденти.

Во истовреме, протестите се проширија и во други делови на Македонија, со протести кои веќе се одржаа во Прилеп и Битола, и протест во Струмица закажан за денес, утре во Кавадраци и Охрид, и петок во Куманово.

Leave a Reply