Трансродова тинејџерка родена со машки органи сега е бремена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мајки Шанел, 18, од Бостон, Масачусетс, се чувствувала поразлично од момчињата со кои пораснала, и покрај тоа што нејзиното семејство ја воспитувало како машко дете.

Loading...

Додека таа сè уште била во стомакот на нејзината мајка, тестовите утврдиле дека Мајки ќе се роди како девојче и ги шокирало нејзините лекари и родители кога се родила со машки гениталии, пренесува Дејли меил.

– На сите им било очигледно дека сум различна од самиот почеток. На само пет години, се играв со кармините на мама и чантите на тетка ми. Никогаш не се чувствував како момче. Бев прилично женствена и никогаш не ја поминав целата работа со „машки пубертет“. Имав многу малку влакна на телото, но и женска градба – рече Мајки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mikey Chanel (@mikeychanel)

На 13-годишна возраст, Мајки открил(а) дека е хомосексуалец и подоцна се прашувала дали е можеби трансродна.

Минатата година била подложена на рутински медицински прегледи кога било откриено дека има внатрешни женски репродуктивни органи.

– Имав чудно чувство после мокрење и после секс, па ми направија ултразвук на уринарниот систем. Ми рекоа дека имам грло на матката, јајниците и јајцеводите и дека можам да забременам ако сакам – објасни таа.

Loading...

На Мајки ѝ бил дијагностициран постојан синдром Мулерови канали (ПМДС), ретка состојба кога едно лице има надворешни машки гениталии, но внатрешни женски репродуктивни органи.

Затоа, лекарите ја советувале да направи хистеректомија, хируршко отстранување на матката, бидејќи луѓето со овој синдром се повеќе склони кон карцином и тумори.

Сепак, откако дознала дека нејзините машки репродуктивни органи се неплодни, таа објаснила дека не може да ја одбие можноста да има свое дете пред да ја помине процедурата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mikey Chanel (@mikeychanel)

– Отсекогаш знаев дека сакам да станам родител. Играв со кукли, и во иднина секогаш замислував деца, па решив: Сега или никогаш, морам да се обидам да останам бремена – рече таа.

После тоа, Мајки била подложена на низа процедури за плодност, вклучително и ICSI што вклучува донирана сперма која се инјектира директно во женско јајце за да го оплоди ембрионот.

Бидејќи Мајки немала вагинален отвор, три оплодени ембриони и биле всадени во фалопиевата цевка низ абдоминалната празнина.

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mikey Chanel (@mikeychanel)

 

– Ми рекоа дека има само околу 20 проценти шанси да работи, но тоа функционираше, и јас бев толку шокирана, но среќна. Едвај чекам да бидам мајка. Моите родители не беа таму кога бев дете, па затоа сакам да бидам родител како што не можеа да бидат моите родители, навистина сакам да бидам таму за моето дете. Сакам да бидам тука за секого, од првиот чекор и првиот збор до дипломирањето на колеџ, сакам да бидам нивна поддршка во сè – откри Мајки.

Откако и препишале естроген за да и помогне во бременоста, Мајки вели дека сега се чувствува повеќе како жена од кога било и се надева дека ќе ја продолжи трансформацијата по раѓањето на детето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mikey Chanel (@mikeychanel)

Leave a Reply