Група насилници до смрт ја претепале четириесет годишната Дандра дос Сантос, во бразилскиот град Форталезе.
Насилниците трансродната жена ја извлекле од нејзиниот дом, најпрво брутално ја претепале, а потоа ја однеле до блиската уличка каде што ја убиле.
На интернет се појави и снимка од бруталното убиство, на кое се гледа како мажите ја удираат Дандра со нозе, кондури и делови од дрва пред жителите на Форталезе во Бразил.
На видеото може да се слушне како очајната жена залудно ги моли насилниците за својот живот.
Напаѓачите не обрнувале внимание на нејзините повици за милост, па само ја подигнале од земјата и ја ставиле во количка со која ја однеле до блиската уличка во која ја претепале до смрт.
Освен тоа ,може да се слушне и смеењето на насилниците додека ја претепуваат Дандра.
https://www.youtube.com/watch?v=wQpXlRoHDCg
Loading...
засе.мк