„Транспортер“ – нова истражна постапка на СЈО

Сподели со своите пријатели

На прес конференција денес Специјалното јавно обвинителство најави отпочнување на нова истражна постапка против лица осомничени за проневера на државни пари во износ од 260 илјади евра.

Станува збор за истрагата „Транспортер“ во која градоначалникот на Битола, Владимир Талевски и претседателот на Комисијата за јавни набавки од тамошната општина о договор со директорите на училиштата и раководните лица на повеќе превозни компании, организирале превоз за учениците во општината, кој, според специјалните обвинителки, е најскап во светот.

На конференцијата присуствуваа амбасадорите на Велика Британија, Германија и на Италија, а Катица Јанева истакна дека одлуката на претседателот Иванов нема да ги запре нивните активности и ќе бараат конфискација на имотот на сите инволвирани во овој и сите други процеси што ќе ги започнат, додколку преку нив била стекната имотна корист врз грбот на граѓаните.