Трамп призна дека „за влакно“ загубил од Бајден во 2020 година

Сподели со своите пријатели

Поранешниот претседател на САД и кандидат на Републиканската партија во претстојните претседателски извори Доналд Трамп призна дека изгубил „за влакно“ во трката за Белата куќа во 2020 година.

Loading...

Во опсежното интервју со популарниот подкастер Лекс Фридман што се емитуваше во вторникот, Трамп го повтори тврдењето за изборна кражба пред четири години, но призна дека претрпел загуба од неговиот тогашен противник, демократскиот кандидат Џо Бајден.

„Освоив милиони гласови повеќе отколку кога победив на претходните избори. Ми рекоа дека освоив 63 милиони гласови и ќе победам. Но не можев да победам… Изгубив за влакно и – видете што се случи на светот“, изјави тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Камала Харис: Се разликувам од Бајден затоа што нудам нова генерација на лидерство

Осврнувајќи се на војната во Украина, тој истакна дека се смета себеси за способен да ја заврши таа војна доколку стане претседател, правејќи споредба со претседателот во заминување Бајден и актуелната противкандидатка на Демократската партија, Камала Харис.

„Таа војна никогаш не требаше да се случи. Бајден е најлошиот претседател во историјата на нашата земја, а таа е веројатно уште полоша. Но војната се случи и сега е многу потешко да се постигне мировен договор отколку пред да избие конфликтот “, рече Трамп, со предвидување дека бројот на жртви ќе биде многу поголем.

Сепак, тој нагласи дека има „прецизен план“ како да се запре таа војна и дека има одлични односи со претседателите на Украина и Русија, особено со рускиот претседател Владимир Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден и Стармер ја одложија одлуката дали да ѝ се дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Во тој контекст, тој предупреди на големата можност за избивање на Третата светска војна и посочи дека е подобро „брзо да се направи нешто околу тоа“, а потсети и дека немало војни кога тој бил претседател.

На прашањето како да се избегне војна со Кина во 21 век, Трамп одговори дека има начини да се направи тоа и дека има „некоја идеја“ за тоа како да им пристапи на односите со Кина, но дека не може да го открие тој план сега бидејќи во тој случај „Не може да се користи ефикасно“.

Loading...

Истакнувајќи дека исходот од претседателските избори во САД во ноември би можел да биде неизвесен, Трамп рече дека не верува дека трката за претседател ќе биде „блиска“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД ликвидираа четворица лидери на ИСИС

„Не знам како луѓето можат да гласаат за некој што ја уништи нашата земја, за инфлација и за лоша економија. Но, најлошото е што дозволија да се случи на нашата граница… Ние водиме во анкети и изгледа дека ќе биде тесно, но мислам дека нема да биде така на крајот“, заклучи тој.

Во 45-минутното интервју Трамп зборуваше и за други теми, меѓу кои марихуаната, американскиот милионер и предофил Џефри Епштајн, Бил и Хилари Клинтон, религијата…

Ова интервју е последно во низата гостувања на Трамп во емисиите на јутубери и инфлуенсери кои се популарни меѓу младите, пренесува Танјуг.