Трамп ќе објави „досега најголем“ пакет санкции кон Пјонгјанг

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави нов пакет санкции кон Северна Кореја, кој ќе биде најголем што кога и да било досега е воведен кон Пјонгјанг, соопшти Белата куќа.

Според најавите, новите санкции ќе опфатат 52 брода и трговски и транспортни компании, кои им помагаат на властите во Пјонгјанг „да ги избегнуваат санкциите“, воведени како одговор на нуклеарните проби и програмата за развој на балистички ракети.

Целта на овие санкции, кои дополнително детелно ќе ги презентира американското Министерство за финансии, е „ограничување на изворите на приходи и на нафта, кои режимот ги користи за финансирање на својата нуклеарна програма и својата армија“.

Советот за безбедност на ОН последнава година воведе серија санкции кон Северна Кореја, со цел да ги принуди властите во Пјонгјанг да се откажат ид нуклеарната и балистичката програма.

Аналитичарите проценуваат дека најавеното дополнителното зајакнување на санкциите од страна на САД, би можело да ги уништи напорите за подобрување на однсоите меѓу Пјонгјанг и Сеул, до кои дојде во пресрет на Зимските олимписки игри што се одржуваат во јужнокорејскиот град Пјонгчанг и кои дури вклучуваа и најави за можна средба на лидерите на Северна и Јужна Кореја./МИА

Leave a Reply