Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес потпиша декрет со кој се продолжува рокот за кинеската матична компанија на ТикТок, ByteDance, да ја продаде популарната социјална мрежа на некој што не е поврзан со Кина до 16 декември.
Ова е четврти пат од јануари Белата куќа да го продолжи рокот за спроведување на законот донесен од Конгресот, кој предвидува забрана на платформата во САД доколку не се продаде.
САД бараат ТикТок повеќе да не биде во сопственост на компанија од Кина, бидејќи се сомневаат дека Кина ја користи платформата за разузнавање и пропаганда, а таа е законски забранета во САД од средината на јануари оваа година.