Трамп го ограничи приемот на бегалци во САД на рекордно ниско ниво

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека земјата следната година ќе прифати рекордно ниско ниво од не повеќе од 15.000 бегалци, и покрај растечкото раселување низ целиот свет, зајакнувајќи ја својата цврста позиција еден месец пред изборите.

Loading...

Стејт департментот го објави бројот само половина час пред почетокот на фискалната 2021 година, исполнувајќи го рокот утврден со американскиот закон, по критиките од американскиот Конгрес.

Бројот од 15.000 бегалци, максимумот што може да се дозволи во следните 12 месеци, освен ако не дојде до промена во администрацијата, е дополнително намалување за 18.000 бегалци од минатата година и драстично намалување на над 100.000 бегалци во времето на поранешниот претседател Барак Обама.

Трамп веќе неколку месеци годинава целосно престана да прифаќа бегалци, оправдувајќи ја својата одлука со пандемијата на Ковид-19.

Објаснувајќи го предложениот нов број бегалци, за кој е потребно официјално одобрување од Белата куќа, Стејт департментот објасни дека САД сакаат да им помогнат на раселените лица „што е можно поблиску до нивните домови“, сè додека не можат да се вратат.

– Се фокусираме пред сè на ставање крај на конфликтите што водат до раселување и обезбедување странска хуманитарна помош за заштита и помош на раселените лица,. Со тоа можеме да ги спречиме дестабилизирачките ефекти од ваквото раселување врз погодените земји и нивните соседи, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Leave a Reply