Трамп до Украина: Сакаме 500 милијарди долари во ретки метали

Loading...
Сподели со своите пријатели

Поддршката на САД за Украина има цена: 500 милијарди долари минерални ресурси, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во вториот дел од интервјуто за Фокс њуз, емитувано доцна вчера, Трамп рече дека САД треба да добијат дел од огромните природни ресурси на Украина како компензација за стотиците милијарди долари што ги потрошиле помагајќи му на Киев да се спротивстави на руската инвазија.

„Ѝ кажав на Украина дека сакам еквивалент на 500 милијарди долари во ретки земни метали. И тие практично се согласија на тоа, така што барем не се чувствуваме глупави“, рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците нападнаа руски град на 1.300 километри од нивната граница (ВИДЕО)

„Инаку ние сме глупави. Им реков: „Мораме да добиеме нешто. Не можеме да продолжиме да ги даваме тие пари“, додаде тој.