Трамп: Атентатот целосно го смени текот на изборната кампања

Loading...
Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори Доналд Трамп изјави дека по обидот за атентат во кој беше полесно повреден во саботата, целосно го сменил говорот што ќе го одржи во четврток, на последниот, четврти ден од Конвенцијата на Републиканците во Милвоки и изјави дека ќе повика нови напори кон национално единство.

Трамп во ексклузивно интервју за неделникот „Вашингтон Егзаминер“ изјави дека сака да го искористи историскиот момент и да ја обедини земјата.

„Говорот што планирав да го одржам во четврток требаше да биде навистина моќен. Да не се случеше ова (обидот за атентат во Пенсилванија), тоа ќе беше еден од најневеројатните говори насочени главно кон политиката на претседателот Џозеф Бајден. Искрено, сега ќе беше сосема поинаков говор“, рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп воведува построга политика на САД кон Куба

Тој рече дека говорот ќе го одразел неговото верување дека нападот на митингот во Пенсилванија целосно го променил текот на изборната кампања, што и републиканците и демократите веќе го потврдија.

Трамп рече дека неговиот говор ќе биде одговор на моментот наметнат од историјата.

„Ова е можност да се обедини земјата, дури и целиот свет. Говорот ќе биде значително различен од оној што беше планиран пред два дена“, рече Трамп.