Трактор усмрти жител на село Тромеѓа

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 09,30 часот во селото Тромеѓа кумановско, С.П. (59) при обид да го стартува тракторот бил прегазен од истиот, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Медицински центар – Куманово, кој по обидите за реанимација истиот починал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.