Уште седум лица загинаа во поплавите во североисточната индиска држава Асам, соопштија денеска властите.
Според податоците на Државната управа за справување со катастрофи, во поплавите и свлечиштата на 6 април загинале вкупно 88 лица.
– Годинешните поплави уништија стотици домови – велат мештаните на Асам, пренесува Анадолија.
Администрацијата објави дека вчера биле регистрирани седум нови смртни случаи во пет од 32-те области погодени од поплавите во таа држава. Од средата наутро, само едно лице се води како исчезнато во Асам. Поплавите траеја седум дена и погодија повеќе од 5 милиони луѓе.
Управата за управување со катастрофи во моментов има 1.687 хуманитарни кампови кои се засолниште за илјадници граѓани.