Ракета или бомба погоди товарен брод во сопственост на Бангладеш во црноморското украинско пристаниште Олвија, при што загина еден член на екипажот, додека се прават обиди да се спасат други луѓе од бродот, изјави денеска неговиот сопственик.
„Бродот беше нападнат и еден инженер е убиен“, изјави за Ројтерс Пијуш Дута, извршен директор на Bangladesh Shipping Corp.
„Не е јасно дали станува збор за бомба или ракета и која страна го извршила нападот. Останатите 28 членови на екипажот не се повредени“, рече тој, но не даде други детали.
Кои се најблиските соработници на Путин задолжени за војната?
Руска амбасада: Изразуваме длабоко сочувство
Банглар Самриди, кој плови под знамето на Бангладеш, остана блокиран во пристаништето Олвија откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари и беше погоден со проектил во средата вечерта, изјави претходно денеска претставник на Министерството за надворешни работи на Бангладеш.
Во главниот град на Бангладеш, Дака, руската амбасада на својата Фејсбук страница на англиски објави дека „се утврдуваат“ околностите на инцидентот.
„Изразуваме длабоко сочувство до блиските и драги луѓе на починатиот. Руската страна прави максимални напори за да овозможи безбедно испловување на бангладешкиот брод од пристаништето“, беше соопштено.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека членовите на екипажот бараат помош откако бродот бил погоден.
Зеленски го крие семејството на тајна локација: „Не можам да ги видам“
„Немаме струја, генератор на струја работи“
На едно видео, друг инженер на бродот рекол дека бродот бил погоден од ракета и дека еден член од екипажот е веќе мртов.
„Немаме струја. Не работи генераторот за струја. На работ на смртта. Сѐ уште не сме спасени. Ве молиме спасете не”, рекол морнарот.
Во друго видео, друг член на екипажот, Асифул Ислам Асиф, рече: „Ве молиме спасете не“.
Пијуш Дута рече дека знаел за снимката, но одби да коментира повеќе.
Многу товарни компании го прекинаа превозот до погодените пристаништа на Црното Море и други терминали во Украина, додека премиите за патничко осигурување се зголемија во последните денови.
Најмалку три комерцијални бродови беа погодени со проектили од 24 февруари.
https://youtu.be/1kp6nvyccDI