„Тортура“ – нова истражна постапка на Специјалното јавно обвинителство

Сподели со своите пријатели

Специјалното јавно обвинителство започнува нова истрага под името „Тортура“, објави денеска на прес конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Истрага се однесува на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија и екс министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, а првоосомничен е директорот на УБК при што СЈО ќе бара мерка притвор за седум лица, а до судот ќе се предложи издавање мерка претпазливост за истите.

Извршителите не криеле туку сакале јавноста да ја види бескрупулозноста на пресметката со политичкиот противник Бошкоски – изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Според изјавата на Катица Јанева оваа недела Специјланото јавно обвинителство ги презема и предметите за Маѓар Телеком, случајот на поранешниот прв разузнавач Зоран Верушевски и неговиот син Зоран Верушевски.

Како што рече Јанева, предметите се во согласност со Законот за СЈО и содржината на овие предмети се однесуваат на надлежноста на СЈО за недозволено следење комуникации.

извор: а1он/новатв.мк
фото: новатв.мк