Толку од летото – настапуваат дождливи и постудени денови

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде претежно облачно, ветровито и многу посвежо со повремени локални врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, особено во јужните и источните делови.
Ќе дува умерен до засилен северен и северозападен ветер, особено на запад и горниот тек на Повардарието.
Температурата ќе се движи од 16 до 24 степени.

Вторник претпладне ќе биде нешто посончев во западната половина од земјата, додека на исток ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, додека во среда се најавува мало разведрување и пораст на температурите за 4 степени, јавува Метеопро.

Loading...

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.