Тивко време со значителна облачност или магла

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и изутринава по котлините имаше значителна ниска облачност и магла. На планините и во Гевгелиско беше ведро.

Loading...

По котлините во поголем дел од денот ќе има магла или значителна ниска облачност и тивко, а во останатите делови и особено на планините ќе преовладува сончево време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура во интервал од 6 до 14, а во местата со магла од 0 до 5 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сонечво до умерено облачно време, но поради маглата сончевите зраци нема да пристигнат до нас. Максималната деневна температура ќе достигне 7 степени целзиусови.

Leave a Reply