Тинејџер од Куманово нападнал малолетничка

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера по пријава дека физички нападнал малолетничка.

Loading...

– На 12.03.2025 во 17.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.А.(18) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал малолетничка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме серија дождливи денови