Тим од македонското МВР веќе е на пат за Бугарија

Сподели со своите пријатели

Тим на Министерството за внатрешни работи на Македонија е веќе на пат кон Бугарија за да помогне при истражувањето на причините за несреќата во која рано утринава смртно страдаа 46 лица.

Loading...

Информацијата на Фејсбук ја сподели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој упати сочувство до семејствата и блиските на загинатите.

– Дозволете ми во овие тешки моменти на тага и болка за целата држава да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, споделувајќи ја тежината на ненадоместливата загуба. Нека им е вечна слава, нека почиваат во мир, напиша Спасовски.

 

Меѓу загинатите 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години, вели Заев

 

Како што вели, тешко е да се најдат зборови на утеха, но МВР испратил тим кој ќе им стои на располагање на бугарските колеги.

– Иако е тешко да се најдат зборови на утеха, во овие траорни мигови, сакам да порачам како пријател, како човек, дека не сте и никогаш нема да бидете сами, независно на ужаснатa тежина на моментот. По телефонскиот разговор со мојот бугарски колега Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги, вели Спасовски.

Loading...

Министерот очекува брза и сеопфатна реакција на надлежните служби.

Никола Ивановски