ТикТок го ограничува времето на користење на малолетници

Сподели со своите пријатели

ТикТок воведува 60-минутно дневно временско ограничување на апликацијата за секој помлад од 18 години.

Loading...

Според Би-Би-Си, доколку малолетниците го достигнат тој лимит, ќе мора да внесат код за да продолжат да го користат.

Сепак, ќе има и опција за избегнување на новата мерка, за која ТикТок вели дека ќе биде воведена во наредните недели.

Кинеската компанија која е сопственик на ТикТок рече дека функцијата е воведена за да им помогне на луѓето да контролираат колку време поминуваат на популарната апликација.

Според правилата на платформата, секој корисник мора да има најмалку 13 години, а секој помлад од 18 ќе добива неделно известување за тоа колку време поминал на ТикТок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД на чекор да го забранат ТикТок, но зошто?

Родителите кои користат една од опциите да контролираат колку време поминуваат нивните деца на телефон, ќе можат сами да го постават временскиот рок.