ТикТок достигна една милијарда активни корисници

Сподели со своите пријатели

Социјалната мрежа TikTok достигнала  милијарда активни корисници ширум светот секој месец, откри денеска кинеската компанија, која бележи постојан раст на популарноста на нејзината апликација за размена на кратки видео содржини.

Loading...

Растот на бројот на корисници на TikTok, кој е во приватна сопственост на кинеската компанија Biddens,е подржан од голем број Американци кои се приклучиле на таа социјална мрежа за време на пандемијата „Ковид-19“, пренесува CNBC.

Во јануари 2018 година, TikTok објавил дека има околу 55 милиони корисници на глобално ниво, и тој број пораснал на повеќе од 271 милиони до декември 2018 година и на 507 милиони до декември 2019 година. Компанијата објавила  минатото лето дека има стекнато речиси 700 милиони месечни активни корисници.

Во извештајот на американската ТВ станица за корисници на Тикток, како споредба е наведено дека Фејсбук имал 3,51 милијарди месечни корисници во рамките на  своите различни апликации во вториот квартал од оваа година, наспроти 3,45 милијарди во првиот квартал.

 

 

Понатаму се додава дека кинеската компанија ја напрвила една од најуспешните апликации за објавување кратки видео формати и дека многу од нејзините големи технолошки ривали се натпреаруваат  да направат сопствени верзии. Во тој контекст, се наведува дека Фејсбук  ја лансираше  верзија на TikTok – Instagram Reels минатиот август, Snapchat исто така објави слична функција наречена Spotlight минатата година, додека YouTube го објавиl својот адут за кратка видео содржина минатиот септември – апликацијата Shorts.

Loading...