„Тигрите“ добија униформи, набргу и останатите елитни полициски единици

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека многу скоро ќе бидат испорачани униформите за Единицата за брзо распоредување, за Посебната единица на полицијата и за интервентна полиција при МВР, посочувајќи дека во Единицата за специјални задачи „Тигри“ веќе имаат добиено униформи.

Loading...

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со составот на овие единици, министерот Спасовски потенцира дека посакува на огласите да се јавуваат припадници на полиција, кои се чувствуваат спремни да бидат дел од овие елитни единици на МВР без разлика дали се Македонци, Албанци, Срби, Турци, Бошњаци, Роми,…

– Сега имавме оглас и за Единица за специјални задачи и за Единицата за брзо распоредување и не знам каква е структурата на пријавените, но би посакал да имаме луѓе кои ќе ги поминат обуките и ќе бидат дел од овие елитни единици.  Тоа е за доброто на сите и за единиците и за државата, изјави министерот Спасовски, во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде денеска беше предадена донација од Американската амбасада за МВР.

Цветанка Миновска

Leave a Reply