Тежок „Мекдоналдс“ предизвик кој до сега никој не успеал да го надмине

Сподели со своите пријатели

Групата „Биг мек мил челенџ“ на социјалните мрежи си псотави за цел да пронајде личност која ќе може да попеди во овој предизвик. Целта е за 60 минути да изедат четири Биг мека, четири големи помфрити и четири големи милк шејка (по сопствен вкус).

Кога ќе го проголтате и последното парче храна таа мора да остане во вашиот желудник следните 30 минути. Со други зборови, не смеете да повратите половина час.

Кој не успее во предизвикот, мора на администраторите да им ги рефундира трошоците, околу 20 фунти и да ги награди со пиво.

Фер предупредување, ако мислите дека го можете ова, се лажете. Но, од некојга причина луѓето продолжуваат да се обидуваат. А ние да пиеме од нивното пиво –  наведуваат администраторите.

Според правилата, нема замена за храната и пијалоците, киселите краставчиња може, но и не мора да се изедат, а може да се јаде како сакате, се додека не биде изедено се, влучувајќи ги малите парчиња салата, сиот компир и последната капка шејк.

Во прашање не е официјален предизвик на „Мекдоналдс“, а страната ја водат администратори кои очекуваат 100 фунти награда, но и цврс доказ за тоа дека предизвикот успешно ќе биде извршен.

Претпсотавуваме дека никој до сега не успеал со оглед дека на страната пишува дека оној момент кога ќе го пронајдат противникот истата ќе биде изгасната.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.