Тестираните пратеници и вработени во Собранието негативни на Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Петмина собраниски службеници и неколкумина пратеници се негативни на Ковид-19 поради контакт со пратеникот и претседател на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера објави дека е позитивен на вирусот.

Loading...

Поради состојбата на Муцунски и тестирањето на тие што биле со него во контакт во Собранието, беше одложен почетокот на продолжението на амандманската расправа за Буџетот за 2021, но по добивањето на резултатите се очекува таа попладнево да продолжи.

Поради отсуството на Муцунски, седницата ќе ја води потпретседателката на Комисијата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Елизабета Велјановска-Најдеска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *