Тешко повредени две лица во сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера во 18,20 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово на место викано „Љубински ливади“ во атар на село Гиновци, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од С.В.(36) од село Радибуш, и патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(39) од село Псача, Крива Паланка.

Во незгодата возачот на тракторот С.В. и сопатникот Г.Ѓ.(45) од село Конопница, Крива Паланка, се пренесени во Здравствен дом Крива Паланка, од каде Г.Ѓ. поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Leave a Reply