Тешко повреден кумановец во сообраќајка во Младо Нагоричане

Loading...
Сподели со своите пријатели

Седумдесет и шестгодишен кумановец бил тешко повредени во сообраќајка што вчера се случила во селото Младо Нагоричане меѓу „хјунади“ и „сузуки“.

– На 15.06.2025 околу 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Младо Нагоричане се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.П.(19) и патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(76), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додават од МВР, со тешки телесни повреди се здобил Ж.С., констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца возачи во Куманово. Синоќа возеле пијани!

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски