Тешка сообраќајна незгода на улица Железничка

Сподели со своите пријатели

Во сообраќајна незгода која денес се случи на излез од Куманово помеѓу касарната ”Боро Менков” и бензинската пумпа ”Трготим”, повредени се четири лица.

Loading...

Според првичните информации во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 11 часот  на патот над Искрин мост помеѓу касарната „Боро Менков“ и бензинската пумпа „Трготим“ во Куманово во судир на четири возила, повредени се четири лица.

Според информациите на хируршката амбуланта од Општа Болница Куманово  еден од повредените  лица поради сериозноста  на повредите е префрлен на скопските клиники, а останатите двајца се задржани  на одделението за хирургија.

Увид на местото на настанот вршат екипи на СВР Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.