Тепачка во Куманово – мета бил познат адвокат

Сподели со своите пријатели

Некаде после 18 часот во текот на вчерашниот ден, според неофицијални информации од очевидци, во Куманово на градскиот плоштад се случила тепачка во која мета бил познат адвокат од Куманово.

Loading...

Напаѓачите кои носеле црни маски се дале во бекство, а познатиот адвокат бил пренесен во болница поради сериозноста на повредите.

Наводно, како што се коментира во Куманово, тепачката односно физичкиот напад врз адвокатот се случил во тунелот зад градската аптека, кога над адвокатот налетала маскирана група, додека адвокатот се движел во придружба на лекар специјалист од Куманово.

Полицијата се` уште нема излезено со официјални информации за настанот.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.