Тепачка во кафеана во Слупчане

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 01.20 часот во ресторан во с.Слупчане – општина Липково, сопственост на Р.М. (22) од с.Лојане, влегле шест лица и седнале на маса, едниот од нив бил познат на сопственикот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По кратко време, лицата почнале да му се закануваат на Р.М. да се повлече од судски процес за некој претходен настан. Тие најпрво го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да го кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата. Истовремено едно од лицата земало чаша со која го удрил А.Г. (39) од село Ваксинце во пределот на лицето и главата. Притоа, со повреди се здобил и Б.С. (38) од Куманово.

На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.