Тепачка меѓу четворица кумановци, сите приведени

Сподели со своите пријатели

Четири лица од Куманово вчера физички се пресметувале со што го нарушиле јавниот ред и мир.

Loading...

– На 29.11.2022 во 22.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Маршал Тито“ Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.И.(39) и И.Б.(36), од една страна и В.М.(41) и Д.М.(21), од друга страна, сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тие биле приведени во полициска станица и против нив биле поднесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставата „Младиот чорбаџија“ во понеделник во Куманово