Тензично на босанско-хрватската граница: Повредени три лица

Сподели со своите пријатели

На граничниот премин Маљрвац помеѓу БиХ и Хрватска кај Голема Кладуша повторно дошло до инцидент во кој се повредени најмалку три лица.

Меѓу повредените е и еден припадник на Граничната полицијат ана БиХ.

До инцидентот дошло кога припадниците на Граничната полиција тргнале да ги поместат шаторите, кои мигрантите во текот на денот ги поставиле на нивната земја, помеѓу БиХ и Хрватска, јавуваат сараевските медиуми.

Шаторите присилно биле поместени стотина метри од мостот на кој хрватската полиција поставила кордон, по што одредени мигранти со предмети започнале да фрлаат кон хрватската полиција.

Претходно денеска тројца мигранти се здобиле со полесни телесни повреди во конфликт со полицијата, додека пробивале полициски кордон.

Според тамошните медиуми, меѓу мигрантите имало и едно дете.

И еден полицаец е полесно повреден во инцидентот.

Хрватскат аполиција од другата страна ја набљудува ситуацијата од воздух, а покрај мостот поставен е и воден топ во случај мигрантите да се одлучат да тргнат на се или ништо.

Leave a Reply