Температурите денес ќе надминат и 30 степени

Сподели со своите пријатели

Претежно сончево и топло со мала до умерена облачност попладне и со слаб ветер од променлив правец ќе биде времето на самиот почеток на овој последен викенд од месец мај, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне во западните делови ќе има услови за појава на локална краткотрајна нестабилност. Минималните температури ќе се движат од 7 до 16, а максималните ќе бидат во интервал од 25 до 32 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме сончево време, со сосема слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната температура ќе изнесува 28 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе се задржи многу топло време со пораст на температурата на воздухот, а најтопло ќе биде во недела и во понеделник, кога на повеќе места температурата ќе надмине 30 степени.

Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Изолирана појава на краткотрајна нестабилност е можна и во понеделник попладне.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.