Температури над 40 степени, пеколот продолжува и следната недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Денеска и утре на сила е портокаловиот метео аларм, поради што се препорачуваат мерки за заштита на населението.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 20, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 36 до 42 степени целзиусови.

Во Куманово и околината исто така екстремно топло. Според метеоролозите ќе имаме 39 степени целзиусови.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на деновите од викендот.

Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.