Тело на починато лице е пронајдено во базенот на бањата Стрновац

Сподели со своите пријатели

Доцна вчеранавечер околу 22:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во базенот на бањата Стрновац во општина Старо Нагоричане е пронајдено тело на починато лице.

Loading...

По овластување на Јавен обвинител на местото на настанот се упатени полициски службеници и лекар, при што е констатирано дека се работи за тело на непознато машко лице кое се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лице во водата.

При првичниот преглед на телото, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство. Увид  на местото на настанот  извршила  екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавното обвинителство телото, кое се уште не е идетификувано (а и нема пријава за исчезнато лице), е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.