Телеграма со сочувство од Талат Џафери до семејството на Адеми

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Собранието Талат Џафери, од свое име и од име на пратениците на Собранието на РМ упати телеграма со сочувство за смртта на Абдилаќим Адеми, поранешен пратеник, министер за образование, заменик-претседател на Влада и генерален секретар на ДУИ.

– Горката вест за раното успокојување не потресе многу, не потсети колку сме немоќни пред судбината меѓутоа и дека треба да го цениме и вреднуваме секој миг, секој спомен што сме го споделиле со добри луѓе, благородни луѓе и почитувани интелектуалци кои оставиле трага во нашето општество Таков беше Абдилаќим Адеми и споменот за него нема никогаш да избледи, се наведува во телеграмата од Џафери до семејството на Адеми./ МИА

Leave a Reply