Театар Куманово: Празнична изведба на претставата ”Баунсерс”

Сподели со своите пријатели

Албанската драма при Театар Куманово, за денес /19 јули/, со почеток во 20 часот, по повод празникот Рамазан Бајрам, најави празнична изведба на кабаре претставата ”Баунсерс”, работена според текстот на Џон Годбер, а во режија на Ќазмедин Нуредини.

Loading...

Комедијата ”Баунсерс” ја опишува атмосферата во ноќен клуб во Англија, каде работат четворица чувари на редот. Во клубот се испреплетуваат случки и комични сцени кога во клубот ќе се појават женски лица.

Во претставата настапуваат Ќазмедин Нуредини, Енвер Халими, Сефедин Шабани и Шкељќим Ислами.

Билетите се пуштени во продажба по цена од 100 денари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.