Театар Куманово од денес ќе работи со нова аудио опрема

Сподели со своите пријатели

Во Театар Куманово вчера пристигна новата тонска опрема преку проектот на Министерство за култура за целосно обновување на светлосната и аудио опрема во единствениот театар во градот.

Loading...

Театар Куманово доби нова аудио миксета, засилувач, звучници, микрофони и држачи за микрофони, информира Симона Тоскиќ, продуцент во Театар Куманово.

  • Веќе добивме светлосна опрема, а вчера ја надополнивме и со тонска опрема. Оваа година реализиравме повеќе проекти од предвидените, и на репертоарот се најдоа седум нови претстави за кои имавме огромна потреба од пософистицирана светлосна и тонска опрема. Оттука и голема благодарност до Министерството за култура и Владата на РМ, за смена на целокупната стара и дотраена опрема со нова.

Со новата аудио опрема сигурно ќе обезбедниме поквалитетна и полесна реализација на претставите во иднина, вели Тоскиќ.