Театар Куманово доби согласност за реконструкција

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ конечно ќе може да го реконструира кумановскиот театар, откако Владата на вчерашната седница даде согласност на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година.

Loading...

фото: архива

Како што појаснуваат од Владата, годишната програма за инвестиции во културата за 2020 година, содржи 12 проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и Националните установи од областа на културата кои се носители на активностите.

–  Се предвидува почеток со реконструкција на објекти на национални установи за кои претходно беше обезбедена проектна документација како прва фаза од реконструкција во објектите на НУ ЦК „АСНОМ“ во Гостивар, НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово – зграда театар, велат од Владата.

фото: архива

Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Годишната програма за инвестиции во културата се предвидени во Буџетот на Министерството за култура за 2020 година во износ од 209.500.000,00 денари.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply