Тчиани ја обвини меѓународната заедница за мешање во внатрешната политика на Нигер

Сподели со своите пријатели

Новиот воен лидер на Нигер, Абдурахамане Тчиани, ги обвини соседните земји и меѓународната заедница дека се мешаат во внатрешната политика на земјата и се закануваат со воена интервенција.

Loading...

Тој го повика населението да биде подготвено да ја брани државата, пренесува Танјуг.

„Затоа го повикуваме народот на Нигер да се обедини, да ги победи сите оние кои сакаат да нанесат нераскажани страдања на нашето вредно население и да ја дестабилизираат нашата земја“, рече Тчиани во говорот емитуван на националната телевизија во средата навечер.

Тчиани, кој командува со претседателската гарда на Нигер, исто така вети дека ќе создаде услови за одржување избори по соборувањето на претседателот Мохамед Базум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Ултиматум на ЕКОВАС

Неговиот говор доаѓа во време на зголемени регионални тензии, откако Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) се закани дека ќе употреби воена сила доколку Базум не биде ослободен од домашен притвор и се врати на работа до 6 август.

Тој регионален блок воведе остри економски санкции кон Нигер.

Тчиани рече дека Нигер се соочува со тешки времиња и дека „непријателските и радикалните“ ставови на оние кои се противат на неговото владеење не помагаат да се смират тензиите.

Тој ги нарече санкциите воведени од ECOWAS незаконски, неправедни, нехумани и без преседан.

Loading...

Воениот удар беше остро осуден од западните земји, од кои многумина гледаа на Нигер како последен доверлив партнер на Западот во борбата против џихадистите поврзани со Ал Каеда и Исламската држава во африканскиот регион Сахел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето