Тажната приказна за тоа зошто некои грчки летувалишта ги носат токму овие имиња

Сподели со своите пријатели

Според некои проценки, во текот на есента 1922 година дури 900.000 Грци пристигнале во Грција за која до тогаш само слушале што воедно бил епилог од Грчко-турската војна.

Loading...

Се испоставило дека следните години за новопристигнатото грчко население биле повеќе од тешки затоа што од Турција биле протерани бидејќи биле странци, додека во Грција биле нарекувани Турци.

Целта на оваа размена била да се исчистат етничките малцинства, но бегалската комисија немала никаков користен план со кој би ја следила оваа размена. Ниту се знаело колкава е бројката на Грци кои пристгинале во Грција, ниту што ќе биде со нивниот имот во Турција кој набргу потоа бил ограбен и запален.

Така Грците се снаоѓале како стигнале. Добар дел од нив заминале во Атина, а многумина основале свои села на северот од Грција, каде создале нов дом, а тие села се некои од денес најпопуларните летувалишта.

Тоа се сите места кои го носат името Неа (Неос Мармарас, неа Врасна, Неи Пори, итн.). тоа се селата кои грчките бегалци ги населиле по доаѓањето од Турција. Така денес има и турски мармарис, што значи дека грчките семејства раселени од таму создале нов дом, односно Неос Мармарис во Грција.

Leave a Reply