Татко на загинат полицаец во Куманово: Ова личи на валкана работа (видео)

Сподели со своите пријатели

Од вооружените напади во Куманово помина точно еден месец, а родителите на полицајците загинати во акцијата на МВР се` уште не знаат како загинаа нивните синови, вели за Алџезира таткото на Исамедин Османи, полицаец од специјалната единица кој беше убиен на 10 мај.

Loading...

Според Нијази Османи, ова личи на валкана работа бидејќи родителите на убиените полицајци се` уште не ги добиле резултатите од аутопсија и нема родител кој не сака да знае како починале децата, вели Османи:

– Да ви кажам право, мене ова ми изгледа валкана работа. Тој работеше за плата, но, тој не беше вработен за да загине. Кој е тој што не сака да знае како му загинало детето. Ги жалам сите загинати, иако се од друга вера, вели Османи.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.