Тасевска: Ќе се обидам да одговорам на предизвикот со цела моја енергија и ентузијазам

Сподели со своите пријатели

Чест и привилегија е да се биде пратеник во Законодавниот дом, но тука е и огромната одговорност која ја чувствувам и носам во себе како претставник на граѓаните од Куманово кои гласале за мене и СДСМ на изминатите парламентарни избори, вели Лидија Тасевска која неделава и официјално стана пратеник во Собранието на Република Македонија на местото на сегашниот градоначалник Максим Димитриевски.

– Знам дека очекувањта се огромни ќе се обидам да одговорам на прердизвикот со цела моја енергија и ентузијазам, искуство што го имам бидејќи јас сум 24 години во образованието, својот удел и придонес најмогу во оваа сфера го гледам, но се разбира се она кај што можам да придонесам за Куманово да има поперспективна и подобра иднина верувајте дека тоа ќе го направам. Овдека пред се мислам на донесување на инвестиции, поголеми проекти со што Куманово навистина ќе добие подобра и поперстективна иднина. Во таа насока знам дека ќе имаме одлична соработка со локалната власт и знам дека заеднички ќе се бориме и што се вели ќе влечеме за Куманово за да навистина оној губиток така да речам што беше недостаток на координација меѓу досегашната локална и  поранешна централна власт ќе го надоместиме со нови проекти и инвестиции, изјави Тасевска.

Инаку како што вели новата пратеничка, по добивањето на службен број ќе го објави јавно за да во секое време може да и се обратат кумановци со своите проблеми, а воедно во следниот период ќе побара и канцеларија каде еднаш неделно ќе има средби со граѓаните за да ги слушне нивните проблеми, мислења и барања. Како што вели, таа е пратеник за граѓаните, а не пратеник кој само ќе седи во Собранието.

Инаку Тасевска е долгогодишен наставник по македонски јазик и литература. Низа години работеше работеше во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“, каде извесно време беше и помошник директор, а потоа беше назначена и за директор на СОУ „Перо Наков“. На нејзино место за нов в.д. директор е назначена Мила Жибак.