Мила Жибак нов директор на СОУ „Перо Наков“

Сподели со своите пријатели

Мила Жибак е новиот в.д. директор на СОУ „Перо Наков“, која доаѓа на местото на досегашната директорка Лидија Тасевска која од пред неколку дена е назначена за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Жибак е доктор по економски науки и наставник во училиштето, а во периодот од 2012 до 2015 година ја извршуваше функцијата заменик директор.

Градоначалникот Максим Димитриевски, по направената сондажа на мислења на вработените во училиштето, ја именуваше Жибак за нов директор на СОУ “Перо Наков“, велат од Општина Куманово.