Таман да ја бакне невестата, на свадбата влета бившата и тоа во венчаница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатен инцидент се случи на свадба во Кина каде девојката на поранешниот младоженец во венчаница се појави на церемонијата и ја уништи целата венчавка.

Loading...

Девојката им се доближила на младенците момент пред да се бакнат. Клекна пред младоженецот облечена во венчаница и низ солзи извика: „Јас сум виновен“, молејќи го да ѝ прости, пишува Дејли меил.

Иако невестата на почетокот изгледаше мирна, во еден момент ја повлече раката што ја држеше младоженецот и ја напушти сцената.

Видеото од венчавката брзо се прошири на кинеските социјални мрежи и портали, а медиумите открија дека младоженецот раскинал со девојката затоа што „нивните карактери биле премногу различни“.

Тој самиот бил шокиран кога неговата поранешна девојка се појавила на неговата свадба непоканета, облечена во венчаница.

Планерот за венчавки исто така останал во шок, а на снимката се слуша како вели „овде имаме неочекувана ситуација“ по што додава: „Можеби ова е реалноста на љубовта“.

Невестата која ја напушти сцената е поддржана од бројни корисници на социјалните мрежи.

„Не ја уништувајте туѓата врска за да ја задоволите сопствената опсесија“, „Ова е вистинската причина зошто не можете да бидете пријатели со бившата“, се само некои од многуте коментари.

Loading...

 

Leave a Reply