Талибанци: „Изгубивме повеќе луѓе во експлозиите од Американците“

Сподели со своите пријатели

Најмалку 28 припадници на талибанците загинале во бомбашки напади на аеродромот во Кабул, изјави талибански претставник.

Loading...

„Изгубивме повеќе луѓе отколку Американците“, изјави талибански претставник за Ројтерс, додавајќи дека Талибанците „не се одговорни за хаотичниот план за евакуација што го смислија странски држави“.

И покрај тоа, вели тој, нема потреба САД да го продолжат рокот што истекува на 31 август со цел да се заврши евакуацијата и повлекувањето.

 

Бајден најави одмазда откако 13 Американци загинаа во нападот во Авганистан

 

Најмалку 13 американски војници и 90 цивили загинаа синоќа во две експлозии пред аеродромот во Кабул. Одговорност за нападите презеде огранок на екстремистичката група Исламска држава.

Западните земји стравуваат дека Талибанците, кои некогаш му обезбедија засолниште на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, ќе дозволат Авганистан повторно да се претвори во прибежиште на милитантите.

Loading...

Талибанците, пак, велат дека нема да дозволат земјата да ја користат терористите.

 

https://kumanovskimuabeti.mk/kako-e-nastanata-i-koi-se-chlenovite-na-organizacijata-isik-k-vo-avganistan/

 

Терористичката организација ИД-К, која е одговорна за најновите напади, првично беше присутна во областа на границата со Пакистан, но воспостави друг фронт на северот на земјата.