Талат Џафери го повлече предлог законот за „бомбите“

Сподели со своите пријатели

Под притисок на белгискиот преговарач Петар ван Хауте, доцна во вечерните часови, Талат Џафери и Крсте Муковски го повлекоа спорниот Предлог закон со кој се предвидуваа ригорозни мерки против сите оние кои ќе ги објавуваат бомбите на опозицијата, кои одеднаш за власта од монтирани материјали станаа прислушкувани разговори.

Loading...

Предлог законот предвидуваше и бришење на сите досега објавени материјали и забрана за нивно реобјавување и тоа не само во Македонија, туку и во странство.

Истиот предлог закон ќе се врати назад на репговарачка маса со работните групи и во присуство на СДСМ и ДПА ќе мора повторно да се разгледува и да се донесе заедничка одлука.