Тајван забележал 22 кинески воени авиони и 20 пловила во близина на островот

Сподели со своите пријатели

Тајван денеска објави дека забележал 22 кинески воени авиони и 20 пловила во близина на својот брег во последните 24 часа.

Loading...

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека 13 кинески воени авиони денеска ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, пренесе АП.

Кинеската поморска формација предводена од носачот на авиони „Шандонг“ во понеделник мина околу 110 километри од југоисточниот дел на Тајван и влезе во западниот дел на Пацификот на воена вежба, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

Се очекува вежбите да симулираат напади од авиони, подморници, воени бродови и копнени сили, објавија кинеските државни медиуми.

„Периодот од јули до септември оваа година беше врв на вежбите на кинеската Комунистичка партија“, изјави на прес-конференција помошникот заменик началникот на Генералштабот за разузнавање на тајванското Министерство за одбрана, генерал-мајор Хуанг Вен-чи.

Тој посочи дека има активности на кинески воени бродови во водите околу Тајванскиот теснец, како и во различни области на Јужното и Источното Кинеско Море.

Хуанг рече дека војската на Тајван ќе продолжи да ги следи движењата на кинеските воени авиони и воени бродови.

„Шандонг“ учествуваше на кинески воени вежби во близина на Тајван во април, во западниот дел на Пацификот, а во јуни пловел и низ Тајванскиот теснец.

Loading...

Американски и канадски воен брод во саботата пловел низ Тајванскиот теснец, втора ваква заедничка мисија од јуни и се совпадна со самитот на Г20 во Индија.

Кина неодамна ги засили воените активности во близина на Тајван, објавувајќи дека реагира на, како што го нарече „заговор“ меѓу Тајпеј и Вашингтон, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.