Тајван ќе го искористи правоto на самоодбрана и контранапад

Сподели со своите пријатели

Тајван денеска соопшти дека ќе го искористи своето право на самоодбрана и „контранапад“ доколку кинеските вооружени сили влезат на нејзина територија.

Loading...

Пекинг неодамна организираше воени вежби во близина на Тајван како одговор на посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Тајван тврди дека кинеските поморски патроли во близина на островот сè уште се со „висок интензитет“, пренесува Ројтерс.

Војската ќе го искористи правото на самоодбрана и контранапад против авиони и бродови кои влегуваат во нашиот воздушен и морски простор, изјави за новинарите заменик-началникот на Генералштабот на Тајван, Лин Вен Хуанг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.