Тајван благодарен на САД за конкретни безбедносни активности

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи во Тајпеј денеска изрази „искрена благодарност“ до САД за преземањето „конкретни акции“ со цел да се одржи безбедноста и мирот во Тајванскиот теснец и во регионот, пренесува Ројтерс.

Loading...

Изјавата на тајванското министерство дојде како одговор на коментарите на американскиот индо-пацифички координатор Курт Кембел, кој во петокот рече дека Кина „претерала“ на неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј.

Во соопштението на министерството се вели дека „неиспровоцираното воено и економско заплашување“ на Кина „дополнително ги зајакнало единството и издржливоста на глобалниот демократски камп“, наведува британската агенција.

Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен изјави во четвртокот дека воената закана за островот, што ја претставува Кина, „останува висока“.

„Тајван нема да се вклучи во ескалација на конфликтот или да предизвикува спорови, но е цврсто решен да го брани својот суверенитет и национален идентитет, да ги заштити демократијата и слободата“, рече таа.

Тензиите во Тајванскиот теснец и целиот азиско-пацифички регион се зголемија по посетата на американски претставник на Тајпеј на 2 и 3 август, што предизвика остри критики од Кина.

Кинеската војска потоа започна големи вежби на 4 август, вклучувајќи лансирање ракети во шест области околу Тајван.

Војската во средата соопшти дека успешно завршила различни воени мисии околу Тајван по речиси една недела, но продолжила внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот теснец, а Ројтерс објави дека кинеската воена активност околу островот се чини дека оттогаш се намалила.

Loading...

Истиот ден, Пекинг ја претстави и својата стратегија за решавање на проблемот со Тајван, преку Белата книга со наслов „Прашањето на Тајван и повторното обединување на Кина во новата ера“, во која рече дека мирното обединување и „една земја, два системи“ се основните принципи за решавање на прашањето.островите што ги тврди како своја територија, што властите во Тајпеј ги отфрлија во четвртокот.

Пекинг, исто така, изјави дека „нема да се откаже од употребата на сила“ и дека „ја задржува можноста да ги преземе сите неопходни мерки“ за заштита од надворешно мешање и сите сепаратистички активности на островот.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.